Вечерва на „Гудисон парк“ ќе има напади со змии!

Евертон и Ватфорд вечерва ќе играат во последниот меч од 17-тото коло во англиското првенство, а посебен фокус ќе има кон навивачите на гостите. Фановите на Ватфорд кои најавија дека ќе присуствуваат на „Гудисон парк“, со себе ќе носат гумени змии, кои ќе бидат наменети за тренерот на Евертон, Марко Силва.

Силва е стратегот кој минатата сезона го предводеше Ватфорд, но доби отказ поради „договорање со ривалски клуб кој предизвикал пад на концентрацијата и лоши резултати до таа мерка што на долгорочен план ја загрозува иднината на Ватфорд“. Навивачите не можат да му ги простат тие преговори на Силва, кого го сметаат за предавник. Неколку месеци подоцна, Силва беше промовиран во нов тренер на Евертон, потпишувајќи тригодишен договор.

Угледниот весник „Мирор“ најавува дека гостинските навивачи ќе извршат „напад со гумени змии“ на стадионот на Евертон и тие ќе бидат наменети токму за Силва.

 

 

- Оглас -

Најнови вести