Вечерва нема НБА мечеви, но Американците ќе бидат пред телевизор и ќе гледаат кошарка

Љубителите на кошаркарската НБА лига вечерва нема да уживаат во мајсториите со баскетот на ѕвездите од најсилната лига на светот, бидејќи во центарот на вниманието на американската јавност ќе биде финалето во универзитетската НЦАА лига.

Во мечот за титула во Њу Орлеанс, ќе играат Канзас џејхокс и Северна Каролина Тар хилс. За Американците, ова е дуел за најдобар кошаркарски тим во САД, а победникот во НБА финалето го нарекуваат светски првак. Традиционално, кога се игра колеџ финалето, нема НБА мечеви.

Канзас кој има три титули, е фаворит според квотите во обложувалниците, на завршниот турнир дојде како прв носител и постојано ја оправдуваше фаворитската улога.

Но, сега се навршуваат 40 години од титулата на Северна Каролина која во 1982 им ја донесе славниот Мајкл Џордан, тој меч се одигра истотака во Њу Орлеанс, па никој не смее да ги потцени. Последната титула на Северна Каролина е од 2017 година, но во својата историја имаат шест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести