Вечерва се игра и Суперкласико, а дали знаете како Бока јуниорс ги доби боите на дресовите

Вечерва покрај најголемото светско фудбалско дерби Ел Класико, ќе се игра и најлудото светско дерби, Суперкласико меѓу Ривер плата и Бока јуниорс. Лутите ривали ќе се сретнат во четвртфиналето од Купот на Аргентина, а натпреварот ќе се игра на неутрален терен во Кордоба.

Интересна е приказната за тоа како најтрофејната екипа во Јужна Америка, Бока јуниорс ги добила боите на дресовите по кои е препознатлива, жолто-сината боја ги краси дресовите на славниот аргентински тим.

Почетоците на Бока се многу поинакви, а до сегашната комбинација на дресовите дојде сосема случајно и најголема „вина“ за тоа има брод.

Бока на почетокот настапуваше во бели дресови со тенки црни линии, но набрзо преминаа на небеско сина комбинација. За само една година, по трет пат ги сменија боите, бели дресови со сини линии.

Според историските книги на славниот аргентински клуб, во 1906 година, Бока играла против екипата на Нотингем де Алмагро, која има слични дресови. Влогот бил голем, победникот го задржува правото да настапува во таа комбинација на дресови, додека поразениот морал да смисли некое ново решение.

Бока го загубила тој меч и започнала со дизајнот на новиот дрес. Се одлучиле за необично решение, ќе ги земат боите на првиот брод кој ќе вплови во Буенос Аирес.

Тоа бил шведскиот брод „Drottning Sophia“, и по заставата на скандинавската држава го направиле новите дресови по кои се познати и денеска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести