Вечерва започнува битката за последните две места во плејофот во Евролигата, понудата на Sport Life е одлична (Фото)

Вечерва ќе започне  битката за последните две екипи кои ќе играат во четвртфиналето во Евролигата, а Sport Life подготви одлична понуда за двата меча кои ќе се играат во Белград и во Истанбул.

Евролигата одлучи да го следи примерот на НБА-лигата и воведе плејин-турнир каде што четири екипи кои завршија од седмото до десеттото место во регуларниот дел од сезоната (Макаби Тел Авив, Басконија, Анадолу Ефес и Виртус Болоња), ќе се борат за последните два четвртфинални билета.

Во првиот меч кој ќе се игра во салата „Александар Николиќ“ во Белград ќе се сретнат Макаби Тел Авив и Басконија и победникот ќе игра во четвртфиналето од плејофот против Панатинаикос.

Макаби, кој поради војната во Израел, своите натпревари ги игра во Белград, една победа го делеше од директен пласман во четвртфиналето од плејофот.

Вечерва Макаби ја има улогата на фаворит (1.55), а израелскиот тим славеше и на претходниот дуел кој се играше во Белград (89:81), кога дури петмина играчи на „гордоста на Израел“ постигнаа двоцифрен број поени.

Басконија во регуларниот дел од сезоната славеше пред своите гледачи со 92:82. И двете екипи важат за шутерски, на едната страна ќе бидат Браун и Болдвин, а на другата Хауард и Монеке.

Поразениот од овој натпревар ќе има уште една шанса да се најде во четвртфиналето бидејќи ќе игра со подобриот од мечот меѓу Анадолу Ефес и Виртус Болоња. Турскиот тим ја подигна формата во последните мечеви од регуларниот дел и е фаворит да слави против Виртус Болоња (1.28).

Во денешната понуда има 20-мина кошаркари за играта „плус-минус“ на поени, како и 11-мина играчи за играта „плус-минус“ скокови, а тука е и понудата за осуммина кошаркари за тоа колку асистенции ќе остварат.

- Оглас -

Најнови вести