20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Вечниот Скола ја предводи Аргентина на ОИ

Луис Скола се најде на списокот играчи кои ќе ја претставуваат Аргентина на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Токио. По петти пат во кариерата вечниот Скола ќе се појави на планетарниот спортски собир, а памети златен медал од Атина во 2004 и бронза од Пекинг во 2008 година.

Настапот во Токио веројатно ќе му биде последен воопшто во кариерата, а ќе биде лидер на актуелниот светски вицепрвак во групата Ц против европскиот шампион Словенија, домаќинот Јапонија и светскиот шампион Шпанија.

Во составот на Гаучосите има и тројца кошаркари од НБА лигата, а најзвучно име е Факундо Кампацо од Денвер нагетс. Останатите се: Лапровитола, Вилдоза, Брусино, Болмаро, Дек, Гарино, Ваулет, Делија, Галичи и Кафаро.

- Оглас -

Најнови вести