Вечното шпанско дерби е вистинска класика, Реал има повеќе победи во Ла Лига, Барса води во вкупен скор

Шпанското вечно дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона ќе се игра денеска од 21 часот во Мадрид, по 279. пат во сите конкуренции, а популарното „Ел класико“ е сигурно највпечатливиот и најголедна клупски меч во модерниот фудбал.

Денеска може да значи и збогување за Лионел Меси, кој ако си замине од Барса летово, а е слободен играч за последен пат ќе игра на вечното дерби.

Ќе се игра на стадионот што го носи името на легендарниот Алфредо Ди Стефано, играч со кој се вжешти и ривалитетот на Реал и Барселона.

Каталонците први стигнаа до легендарниот ас во 1952 година, но Аргентинецот никогаш не заигра за Барселона. Под притисок на шпанските власти се вмеша и Реал во битката за ангажман на Ди Стефано, па беше одреден и медијатор, кој донесе оригинално решение.

Алфредо да игра за Реал две сезони во 1953/54 и 1955/56, а во меѓувреме во 1954/55 да настапува за Барселона и потоа во 1956/57 исто така да биде член на Каталонците.

По притисок на навивачите на Барса, претседателот на клубот си поднесе оставка во 1953 година, а клубот му ги продаде правата и тоа половина на Реал, бидејќи не беа импресионирани од почетните настапи на Ди Стефано во Европа.

Се потоа е легендарна приказна и за играчот, но и за двата клуба кои развија огромен ривалитет во најголемото светско дерби, наречено „Ел класико“.

Првиот меч двете екипи го одиграа во 1902 година, а ззаврши со победа на Барселона од 3:1. Каталонците имаат повеќе победи в вкупен збир во сите конкуренции и водат со 115:101, а приказната што почна како дерби „Ел клсико“ само за мечевите во шпанското првенство се комерцијализира и сега важи за сите натпревари што ги играат Реал и Барселона во сите натпреварувања.

Ако се сметаат само мечевите во Ла Лига, Реал е во предност со една победа повеќе и води со 97:96 во битката со вечниот ривал на фудбалски настан од огромно значење и размери.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести