Вегхорст потпиша за Манчестер јунајтед, нема да игра на денешното градско дерби

Холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст, до крајот на сезонава ќе игра за Манчестер јунајтед, и тоа како позајмен од Барнли.

Во досегашниот дел од сезонава Вегхорст играше како позајмен за турски Бешикташ, но синоќа потпиша за Црвените ѓаволи со кои ќе настапува во Премиер лигата, Лига Европа, ФА купот и Лига купот. Денеска Јунајтед има градско дерби против Манчестер сити, но Вегхорст нема да биде во составот и дебито ќе го почека во некоја друга прилика.

Во дресот на Бешикташ, холандскиот напаѓач сезонава имаше 9 гола и четири асистенции на 18 меча. На Мундијалот во Катар, тој даде два гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести