Вејн Руни ја прекина неуспешната тренерска кариера за да стане боксер

Легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни како тренер е далеку од квалитетите кои ги имаше како фудбалер. Неговата тренерска кариера слободно може да се прогласи за неуспешна, барем од она што го направи досега.

Руни започна како тренер до Дерби каунти, но доби отказ откако испадна од Чемпионшип. Следуваше ангажман во ДС Јунајтед во американската МЛС-лига, но и таму не ги исполни очекувањата и не се пласира во плејофот, а отказ доби и во Бирмингам, откако екипата падна на последното место во Чемпионшип дивизијата.

Токму затоа Руни се одлучи барем привремено да ја прекине тренерската кариера и да се префрли во боксот. Англичанецот кога бил млад, членувал во аматерски бокс-клуб во родниот Ливерпул, а сега се враќа на старата љубов. Тој летово ќе влезе во рингот и ќе се бори откако успеа да се договори со бокс-организацијата „Мисфитс“.

Организаторот на бокс натпреварите вели дека Руни им рекол дека сигурно ќе го распродадат целиот стадион за неговата борба и ќе заработат многу пари.

- Оглас -

Најнови вести