Вејн Руни: Може ли да замислите што значи да се чека 30 години за титула и некој да ти ја одземе на таков начин?

Во текот на речиси целата своја кариера, Вејн Руни како најголем ривал го имал Ливерпул. Легендарниот англиски голгетер кариерата ја започна во Евертон, кој е градски ривал на Ливерпул, а потоа се пресели во Манчестер јунајтед. Токму Црвените ѓаволи се најголемиот ривал на гигантот од „Енфилд роуд“.

Вкупно 15 години Руни беше голем ривал со Ливерпул, но сега тој вели дека титулата од Премиер лигата треба да заврши во витрините на „Енфилд роуд“.

„Ливерпул ќе ја освои титулата во Премиер лигата. Тие беа фантастични во текот на целата сезона и завршија одлична работа. Го заслужуваат трофејот. Може ли да замислите што значи да се чека 30 години за титула и некој да ти ја одземе на таков начин? Првенството треба да продолжи и тоа е правилно решение. Треба да се дознаат учесниците за во Лигата на шампионите. Нема да се изненадам ако сезоната заврши дури на крајот од 2020 година“, вели Руни, кој сега е играч на второлигашот Дерби каунти.

 

- Оглас -

Најнови вести