Веќе не е изненадување – Без објаснување двојна шампионка го откажа настапот на Австралија опен

Наоми Осака нема да игра на ова издание на Австралија опен од 16. до 29. јануари во Мелбурн, а двојната шампионка на турнирот се повлече без објаснување.

Јапонката имаше големи проблеми со депресијата, која за првпат ја прифати како реалност пред две години.

Оттогаш Осака нема добри резултати, ниту впечатливи настапи, а сега воопшто не се пријави за да игра во Аделаида и Хобарт, турнири кои стандардно служат за загревање за настапот на Австралија опен.

Претходно учеството го откажа и легендарната тенисерка Венус Вилијамс, а кај мажите ќе ги нема најдоброрангираниот светски тенисер Карлос Алкарас, кој се повреди на тренинг.

- Оглас -

Најнови вести