Веќе нема дилеми: ПИФ ќе го купи и Интер, а „мерка“ уште еден европски првак

Само прашање на време е кога Интер ќе му се приклучи на Њукасл и ќе станат најбогати клубови во светот.

Според последните информации, само уште неколку ситни детали го делат фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија за да го купи италијанскиот великан.

ПИФ ќе „искешира“ една милијарда евра на Сунинг, кои во моментов се актуелни сопственици на Калчолигашот и кои се наоѓаат во голема криза, којашто ја зафати Кина, а се почувствува и на самиот клуб.

Но, принцот Јасир бин Отаман ал Румајан не се задоволува тука и планира да купи уште еден европски великан.

Станува збор за Олимпик Марсеј, кој во минатото имаше навистина големи успеси и стигна до титулата во Лигата на шампионите.

Со тоа ќе му се направи голема конкуренција на ПСЖ, кој неприкосновено доминира во францускиот шампионат.

Како што е познато, ПИФ пред неколку месеци го купи премиерлигашот Њукасл и со тоа најави голем влез во најсилните фудбалски лиги во Европа.

- Оглас -

Најнови вести