Веќе нема дилеми: Санчо ќе пристигне на „Олд Трафорд“

Борусија Дортмунд конечно ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Џејдон Санчо и веќе нема дилеми дека англискиот репрезентативец наскоро ќе биде нов играч на Црвените ѓаволи.

Прифатена е сума од малку повеќе од 77 милиони фунти (90 милиони евра), која ќе биде повисока во одредени бонуси, а Санчо ќе стане трето најскапо засилување во историјата на најтрофејниот англиски клуб, зад трансферите на Пол Погба и Хери Мегваер.

Младата ѕвезда на Милионерите веќе има закажани медицински прегледи кои веројатно ќе ги комплетира по завршувањето на ЕП или додека Англија настапува на на него, а потоа ќе потпише богат договор, на околу 250 илјади фунти неделна плата, кој ќе важи до јуни 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести