Веќе нема слаби селекции: Бразил не ја победи Панама (Видео)

Петкратниот светски првак Бразил одигра само 1:1 во дуелот со Панама, во пријателски меч. Бразил во своите редови ги имаше Фирмино, Кутињо, Пакета, Касемиро… но тоа не беше доволно да победи. Добрата форма од тимот на Милан, Лукас Пакета ја продолжи и во репрезентативниот дрес. Во 32-та минута го постигна дебитантскиот гол за Бразил.

Сепак, тоа не беше доволно за победа на Бразил. Само четири минути подоцна, Мачадо израмни за Панама, а голот најверојатно беше постигнат од офсајд позиција.

До крајот на средбата мрежите мируваа, па Панама за прв пат во историјата остана непоразена во дуелите со Бразил. По завршување на Светското првенство во Русија, „кариоките“ прв пат не победуваат.

 

- Оглас -

Најнови вести