Веќе ништо не е тајна – Педри ќе го добие признанието „Златно момче“ на европскиот фудбал

Иако требаше да остане тајна до јавната презентација на најдобриот млад фудбалер во Европа за 2021 година, веќе е објавено дека Педро Гонзалес Лопес, или попознат само како Педри, ќе го добие вредното признание во организација на италијански „Тутоспорт“.

Тинејџерот кој има само 18 години и игра за Барселона ќе биде третиот шпански талент, по Сеск Фабрегас во 2006 и Иско Алкарон во 2012 година, што ќе го добие вредното признание.

Педри беше прогласен за најдобар млад играч на Европското првенство што се играше ова лето, а потоа го освои и златниот медал со Шпанија на Летните олимписки игри во Токио.

Интересно е што речиси сигурно веќе е познат и добитникот на „Златната топка“, откако во јавност излезе конверзација што е објавена дека Лионел Меси ќе го добие признанието на „Франс фудбал“, иако официјалната церемонија треба да се одржи дури на 29 ноември.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести