Веќе стана стандард, а му се приклучи и Суарес – Феликс кога погодува, Атлетико победува

Жоао Феликс продолжи да ги решета мрежите во Ла Лига, а вечерва со два гола беше главен креатор на победата на Атлетико Мадрид од 4:1 против Алавес.

Португалскиот репрезентативец, кој играше само 4 минути во финишот од финалиот бараж меч против Македонија во Порто, вечерва повторно блескаше во дресот на Атлетико.

Беше прецизен во 11. и во 82 минута, а со два гола за шампионот на Шпанија му се приклучи и Луис Суарес.

Алавес успеа да израмни на 1:1 во 63. минута со погодокот на Ескаланте, но не и да издржи.

Феликс сезонава во Ла Лига постигна 8 гола и има 4 асистенции, а игра во животна форма, откако претходно беше многу критикуван.

За него во јули 2019 година тимот од Мадрид потроши 126 милиони евра што заминаа на сметка на Бенфика, што беше рекорден трансфер тоа лето.

Суарес со 11 погодоци се израмни со Анхел Кореа како топ-стрелци сезонава за Атлетико во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести