Веќе заврши првиот меч во НБА за вечерва, Дончиќ и Хардавеј издоминираа во Њујорк

Далас маверикс славеше на гостувањето кај Њујорк никс со 121-100 во првиот натпревар од НБА лигата одигран вечерва. Клучна беше третата четвртина која Дивите телиња ја добија со 41-15.

На оваа средба, гостите од Тексас упатија дури 61 обид за три поени, што е нивен клупски рекорд, и за девет шута помалку од НБА рекордот кој го држи Хјустон рокетс.

Од 61 обид, Далас погоди 24 тројки. Од тие, осум беа дело на Тим Хардавеј џуниор, кој заврши со 26 поени, и заедно со Лука Дончиќ кој уфрли 30 поени, беа најзаслужени за победата.

- Оглас -

Најнови вести