Велат дека е баксузен, но голот на Вуд е фантастичен (Видео)

Крис Вуд го постигна 13. гол според теоријата на суеверието и баксузен, но ударот со ножички во самиот финиш на првото полувреме беше фантастичен.

Дрвениот како што му е прекарот според презимето успеа од тешка ситуација да му донесе предност на Барнли против Норич во чудното прво полувреме.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=myIqEBAEdsc&feature=emb_logo

Претходно беа исклучени Емилијано Буендија и Јосип Дрмиќ кај домаќините, па Норич остана со двајца играчи помалку на теренот.

Веднаш казни најдобриот стрелец на Барнли со прекрасен удар со ножички, а гостите ќе имаат голема предност и во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести