Велбек се раздели со Арсенал

Дани Велбек е едно од четирите најпознати имиња што си заминува од Арсенал, заедно со Петр Чех, кој се прости од фудбалот Арон Рамзи, играч што замина во Јувентус и Стефан Лихштајнер, кој дојде од Јувентус но не ги оправда очекувањата на топчиите.

Велбек доби зелено светло да си замине, а еден од најпреспективните напаѓачи на Англија од пред десеттина години, немаш позначајна ролја во Арсенал и често беше повреден.

На списокот на играчи што се ослободени од обврските се и Коен Брамал, Чарли Гилмур и Шпанецот Хулио Плегуецуело.

„Им благодариме на сите и им посакуваме успех во кариерите“, кусо објавија од Арсенал.

 

- Оглас -

Најнови вести