Алдосиви и Патронато не можат без реми во меѓусебните дуели

Алдосиви – Патронато (Аргентина, Суперлига, 00 часот)

Во Мар дел Плата ќе се игра меч што е многу значаен, особено за домаќините. Алдосиви лошо тргна во новата сезона во аргентинскиот шампионат и има само една победа во пет кола.

Патронато сосема спротивно, забележа три победи, има едно реми и пораз и ќе сака со нов триумф да се приклучи кон горниот дел на табелата.

Гостите ќе играат без тројца значајни играчи бидејќи Андраде, Далгадилјо и Урибари се повредени и нема да настапат на „Хосе Марија Минела“ ноќеска на дуелот со Алдосиви.

Во последно време двете екипи играат тврди натпревари меѓу себе и на петте последни дуели одиграа нерешено, трипати без голови и двапати по 1:1.

Традицијата треба да се почитува, па ќе типуваме дека серијалот ремија меѓу Алдосиви и Патронато ќе продолжи.

Предлог тип: Х (2.85)

 

Велес Сарсфилд – Атлетико Тукуман (Аргентина, Суперлига, 02.10 часот)

Велес Сарсфилд има многу поголемо реноме од ривалот во светот на фудбалот и е фаворит за победа, што би му била петта во седмиот меѓусебен меч со Атлетико.

Имаат интересен прекар, Малата тврдина, што го носат од формирањето во 1910 година. Велес е еден од гигантите на аргентинскиот фудбал со 10 титули и освоени и Либертадорес куп и Интернационалниот куп.

Атлетико е формиран пред нив, во Тукуман се игра фудбал од 1902 година, но без позначајни успеси. Дури преклани, по 115 години постоење, за првпат играа во јужноамериканската Лига на шампиони, или популарната Копа Либертадорес.

Проблем ноќеска за Велес ќе биде отсутвото на четворица играчи кои се повредени, но има замени за нив и домаќинот е фаворит за победа на „Хосе Амалфитани“, стадион кој има капацитет од околу 50 илјади места.

Предлог тип: 1 (1.62)

 

Ел Насионал – Технико Универзитарио (Еквадор, Лига про, 02.15 часот)

Гигантот на еквадорскиот фудбал, Ел Насионал ќе игра со еден од аутсајдерите и кандидати за испаѓање од Првата лига.

Според сè, овој дуел е битка на Давид против Голијат. Ел Насионал е втората најтрофејна екипа во Еквадор со 14 титули, колку што има и Емелек, а зад Барселона со 15.

Екипата од Кито е рекордер според бројот на настапи во Копа Либертадорес и ги има дури 22, најмногу од сите клубови во Еквадор.

Технико е почесто второлигаш отколку член на Првата лига и тешко може да се мери со Ел Насионал на кое било поле. Гостите се претпоследни на табелата со 16 порази и само 4 победи и би било чудо ако успеат да го изненадат домаќинот.

Патем, на Ел Насионал му се непоходни бодовите за да избие пред Емелек на осмата позиција, последна која води во плејофот и битката за титулата.

На „Олимпико“ во Кито тешко се освојуваат бодови, тука паѓале и многу посилни екипи од Технико, па ќе типуваме на победа на домаќинот.

Предлог тип: 1 (1.48)

 

Медисон Киз – Дарија Касаткина (Тенис, ВТА-турнир, Осака, 04 часот)

Од овие две тенисерки се очекува многу во иднина, а смената на генерациите е неминовна во женскиот тенис. Киз е малку повозрасна од Касаткина, има 24 години и неверојатен меѓусебен биланс од пет победи без пораз против 22-годишната руска тенисерка.

Касаткина игра скромна сезона, во последно време успева да мине само едно до две кола и не ја повторува ланската форма.

Во 2018 година играше две четврт-финалиња на гренд слем турнирите, на Ролан Гарос и на Вимбдлон, но потоа падна во формата и нема забележителни успеси во сезоната што е при крај.

Киз е слична приказна и е далеку од успехот во 2017 година, кога играше во финалето на Отвореното првенство на САД, каде што загуби од сонародничката Слоун Стивенс.

Во Осака ноќеска фаворит е Медисон. Таа е многу незгоден ривал за Касаткина и има загубено само еден сет од неа на пет меѓусебни дуели, па ќе типуваме нова победа на Американката во два сета.

Предлог тип: Точен резултат 2:0 (1.80)

 

Гарбиње Мугуруса – Си Су-Веи (Тенис, ВТА-турнир, Осака, 05.30 часот)

Мугуруса е една од најинтересните приказни во женскиот тенис. Родена е во Каракас во Венецуела, игра за Шпанија, а живее во Женева, Швајцарија. И како убав микс на сето тоа, успеа да победи на Вимблдон, што е нетипично за Шпанка. Грото од тенисерите и тенисерките од оваа држава се специјалисти за игра на земја, а Мугуруса славеше на тревните терени во „Ол Ингланд клубот“ на лондонскиот гренд слем, што беше оценето како подвиг.

Мугуруса има уште една гренд слем титула, таа од Ролан Гарос во 2016 година, а е млада, има само 25 години и потенцијал за уште ВТА и гренд слем титули.

Си Су-Веи е веќе ветеранка во женскиот тенис, има 33 години и е далеку од класата на Мугуруса. Има освоено три ВТА-титули, но и има победа во единствениот меѓусебен дуел со Шпанката.

Иако Мугуруса не игра добро во последниот период и испадна во првото коло на последните три турнири што ги играше, сепак е многу поквалитетна тенисерка од Су-Веи и ќе одиграме „единица“.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

- Оглас -

Најнови вести