Величината на Дончиќ се гледа во неговото скромно срце

Младата ѕвезда на Далас маверикс покажа дека е човек со големо срце. На вчерашната победа на Далас против Лејкерс во Лос Анџелес, Дончиќ имаше специјален гостин и огромна поддршка од двегодишниот сонародник Крис Зудиќ, кој боледува од ретка болест на мускулите.

Дончиќ се приклучи во хуманитарната акција и помогна да се соберат 2,2 милиони долари за лекувањето на Крис, а кошаркарот доплати колку што треба со цел детенцето што побрзо да го започне третманот.

Целото семејство Зудиќ допатува во Лос Анџелес и беа дел од спектаклот во „Стејплс центарот“, каде што во следните три месеци ќе се одвива рехабилитацијата на Крис, кој води животна битка со генетска болест на спиналната мускулна атрофија и му е потребно најскапото лекување за да преживее.

- Оглас -

Најнови вести