Велигденски мајстор погоди 16 меча и вкупен коефициент од 505!

Велигденските празници му донесоа дополнително убаво расположение на еден играч во Sport Life кој вчера уплатил тикет во Радовиш и за само 100 вложени денари, има бруто добивка од 50.525 денари. Тактиката за добивка е многу едноставен. Погодени се дури 16 парови со вистинските фиксови, а на сите е одиграно за победа на фаворитот.

Коефициентите на погодените мечеви се движат меѓу 1.27 и коефициент 1.67, што на крајот му донесе вкупен коефициент од 505. Погодени се победите на фаворитите Челзи, Норич кој се пласираше во Премиер лигата, на Реал Мадрид, ПСЖ, Милан, АЗ Алкмар, Спортинг Лисабон, Порто, Салцбург…

Сандерленд со два гола во последните неколку минути го скрши отпорот на Плимут и победи со 3:1, Хал немаше проблеми и со 3:1 славеше над Виган, а Јеовил уште во првото полувреме даде два гола на гости кај Велдстон и победи. Има и аматерски мечеви од ниските лиги во Шпанија, но најважно е тоа што мечевите со посигурни коефициенти излегоа без ниту една грешка.

- Оглас -

Најнови вести