Велко Маркоски го пропушта Европското првенство

Ракометната федерација потврди дека Велко Маркоски се здоби со повреда на окото по што му се предвидува пауза од околу две недели. Тоа значи дека селекторот Данило Брестовац нема да смета на неговите услуги за претстојното ЕП кое започнува на 9 јануари.

Велкоски се здоби со повредата на левото око по ударот со топка од страна на Бомбач, во вчерашниот дуел против селекцијата на Словенија.

По денешните прегледи во очната болница во Љублања е утврдена лошата вест, а се очекува Маркоски утре да се врати во Македонија каде што ќе продолжи со рехабилитацијата.

“Ве известуваме дека по направените дополнителни медицински прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отуствува 14 дена (повреда на левото око, по ударот со топка од страна на Бомбач).
Велко Маркоски утре вечер се враќа за Македонија каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација !”, стои во соопштението на РФМ.

- Оглас -

Најнови вести