Велкоски стигна до „десетка“ во дербито против Железничар

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски со неговиот Сараево запиша убедлива победа на гостувањето кај ривалот Железничар со 0-3. Велкоски беше стрелец на вториот гол за гостите кој го постигна во 15-тата минута од мечот, а воедно стигна до бројката од 10 погодоци во босанскиот шампионат.

Пред македонскиот голгетер, Лазиќ погоди за 0-1, а реализираше и Татар во вториот дел од средбата. Сараево така оствари двојна победа над „вечниот“ ривал, откако претходно на домашен терен славеа со 2-1.

Сараево е убедлив лидер во шампионат на БиХ со 56 бода, девет повеќе од второпласираниот Зрињски, додека Велкоски е четврти најдобар стрелец во шампионатот со неговиот 10-ти погодок сезонава.

- Оглас -

Најнови вести