Велковски одигра цел меч за Риека за првпат по пет месеци

Дарко Велковски за првпат по пет месеци се најде во стартниот состав на Риека и ги одигра сите 90 минути во поразот од 1-2 на гости кај Локомотив од Загреб.

Ова се добри вести за нашата репрезентација како и за селекторот Ангеловски, Велковски да изгради натпреварувачка форма во пресрет на дуелот на Македонија против Косово во плејофот од Лигата на нации, меч кој е предвиден за следниот месец.

Македонскиот дефанзивец уште од август минатата година во мечот против Осиек не беше стартер, но тренерот Розман денес му даде шанса да го запише петтиот овосезонски настап за Риека.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести