Велковски подобар од Адеми во хрватското дерби

Риека на Дарко Велковски со 2-0 ги совлада Динамо Загреб и Аријан Адеми во дербито од 33-тото коло во хрватскиот шампионат. Двајцата македонски репрезентативци на теренот се задржаа до самиот финиш, а радоста му припадна на дефанзивецот против поискусниот колега од селекцијата.

Гвардиол уште во втората минута си постигна автогол, на што Чолак се надоврза во 52-рата минута од второто полувреме поставувајќи го конечниот резултат.

Риека со оваа победа застана на четвртото место на табелата со 55 бода, место за кое Риека ќе се бори во последните три кола да обезбеди пласман во квалификациите за Лигата на Европа. Динамо веќе ја осигури титулата, па овој пораз и не е посебно разочарувачки.

- Оглас -

Најнови вести