Велковски влезе во вистински момент, Риека со пресврт стигна до финале на хрватскиот Куп (видео)

Риека на драматичен начин се пласира во финалето на Купот на Хрватска откако на свој терен го совлада составот на Осиек со пресврт од 3-2. Домаќините надополнија два гола негатива само за дваесетина минути, па си закажаа борба за куп-трофејот против Локомотив Загреб на 1 август.

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски почна како резерва, но влезе точно навреме за да учествува во пресвртот кој го најави Муриќ во 66-тата минута, а го остварија Чолак и Јатеке по 86 минути игра. Осиек при водство од 2-0 во 56-тата минута остана со играч помалку на теренот, Клајнхајслер заработи втор жолт и исклучување, па гостите од тие моменти почнаа да тонат.

Во меѓувреме, атмосферата во полуфиналната средба беше одлична иако трибините беа празни, навивачката група „Армада“ најде начин како да ја бодри својата Риека.

Sterling ‘86 – Rijeka [3] Osijek 2 Croatian Cup Semi Final from soccer

- Оглас -

Најнови вести