Велосипедист се повлече од „Тур де Франс“, сака да биде покрај сопругата која наскоро ќе се породи

Белгискиот велосипедист Ваут ван Арт, се повлече од најпознатата трка „Тур де Франс“ бидејќи сака да биде покрај сопругата која наскоро треба да се породи.

„Како што сите знаат, Сара е бремена. Во договор со тимот, одлучив дека местото ми е дома, покрај сопругата. Во последните неколку недели редовно одевме на лекар, кој сга оцени дека Сара наскоро треба да се породи. Поради тоа ја донесовме оваа одлука“, изјави Ван Арт.

https://twitter.com/i/status/1681920252790161411

Ван Арт вози за тимот Џамбо Висме, најдобриот резултат на овогодинешното издание на „Тур де Франс“ му беше второто место на 15-та етапа, додена на осмата и на 16-та етапа го освои третото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести