Велс со многу проблеми и преполовен тим ќе ѝ гостува на Хрватска

Репрезентација на Велс се соочува со големи проблеми во пресрет на почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Дури четворица стандардни репрезентативци објавија пензија, а секако дека најголемо име меѓу нив е Герет Бејл. Останатите тројца фудбалери се: Крис Гантер од Вимболдон, Џо Ален од Свонси и Џони Вилијамс од Свиндон.

По пензионирањето на Герет Бејл, капитенската лента во репрезентацијата на Велс ќе му припадне на Арон Ремзи.

Селекторот Роб Пејџ во пресрет на гостувањето во Сплит против Хрватска има главоболки и со повредените фудбалери. Фудбалерот на Тотенхем, Бен Дејвис, се повреди на натпреварот против Саутхемптон и ја напушти играта уште во првото полувреме.

Пејџ на располагање нема да го има ниту голманот на Нотингам форест, Вејн Хенеси, а под знак прашалник е и настапот на неговиот соиграч Бренан Џонсон.

Поради проблемите кои ги има репрезентацијата на Велс, но и резултатите во последните неколку години, селекцијата на Хрватска влегува како фаворит на овој натпревар со коефициент од 1.61 во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести