Велшаните го разочараа Бејл: Нема голф за време на ЕП

Герет Бејл не ќе може во целост да му се израдува на учеството со неговата репрезентација на следното Европско првенсто од една причина. Имено, Велшката федерација планира да му забрани да игра голф додека трае континенталниот шампионат со цел да биде максимално фокусиран на обврските со селекцијата.

Ова го потврди првиот оперативец на велшката фудбалска куќа, Џонатан Форд, кој посочи дека во зависност од тоа во кој град, односно држава ќе игра Велс, ќе бара тренинг-камп кој нема терени за голф.

„Јас и селекторот Гигс делиме исто мислење дека примат на селекцијата мора да биде оставање добар впечаток. Тоа ќе го оствариме само доколку сме потполно фокусирани на предизвиците, па затоа кога ќе бараме тренинг-камп, терен за голф нема да биде еден од условите. Сакаме да избегнеме каков било ризик од повреди кои би можеле да се случат надвор фудбалските активности“, истакна Форд.

Бејл сам си ја наруши репутацијата во Мадрид бидејќи често се релаксира во своето омилено хоби, дури има прекар „голфер“, кој му го дадоа соиграчите од Реал. Кај навивачите на клубот стана цел на навреди поради што пласманот на ЕП го славеше со транспарент, „Велс, голф, па Мадрид“.

- Оглас -

Најнови вести