Велшкото дуо и Кејн го одведоа Тотенхем во полуфиналето на Лига Купот (видео)

Тотенхем беше сигурен против второлигашот Стоук и со сигурниот триумф од 3-1 на „Британија стадионот“ се пласира во полуфиналето од Лига купот на Англија.

Со прилично силен состав, Мурињо атакуваше на победата со оглед на тоа дека би можел да дојде чекор поблиску да го освои петтиот трофеј во ова натпреварување, откако претходно три освои со Челзи и еден со Манчестер јунајтед.

Исход каков што Жозе посакуваше му обезбеди велшкото дуо Герет Бејл и Бен Дејвис, кои погодуваа за 1-0, односно 2-1 во корист на гостите. Хари Кејн во 81-вата минута стави крај на дилемите, иако Стоук на почетокот од вториот дел успеа да израмни на 1-1 и го направи мечот барем за момент неизвесен.

Петлите се приклучија на бранителот Манчестер сити и Брентфорд во завршницата од Купот, последниот патник ќе се знае по дуелот Евертон – Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести