Венеција во последен момент не дозволи да биде „превеслана“ од Калјари

Калјари не успеа ја извојува првата победа сезонава во Серија А, откако вечерва на свој терен ремизираше против Венеција со 1-1. Тимот од Сардинија беше блиску до триумф, но бод за гостите од Венеција донесе Џанлука Бузио во 92-ра минута.

Голот за Калјари во 19-тата минута го постигна Кеита Балде, и тој погодок е значаен за него, бидејќи Балде со 40 гола стана најефикасен Сенегалец во историјата на италијанското фудбалско првенство. Еден гол помалку од него во Серија А има постигнато Кума Бабакар.

Калјари и Салернитана се единствени тимови засега кои сезонава не знаат за победа.

- Оглас -

Најнови вести