Венецуела им го спласна ентузијазмот на Аргентинците

Ниту враќањето на Лионел Меси во националниот тим, не донесе ништо позитивно за Аргентина. „Гаучосите“ се шокирани од просечната Венецуела со 1-3 во пријателски меч на мадридскиот стадион „Ванда метрополитано“, каде се собраа само околу 20.000 гледачи, што е помалку од третина од капацитетот.

Камбекот на Меси предизвика еуфорија кај аргентинската јавност, ѕвездата на Барселона беше во форма и Аргентинците веруваа дека тоа ќе го пренесе и во репрезентацијата, но ништо. Повредата на Анхел Ди Марија беше лош предзнак за селекторот Лионел Скалони, а вечерва неговите избраници целосно потфрлија.

Меси ги одигра сите 90 минути, а голот за Аргентина го даде Лаутаро Мартинес од Интер. Лаутаро беше стартер во ситуација кога не беа повикани Агеро, Игуаин и Икарди.

- Оглас -

Најнови вести