Венус сака да игра до 50 години, јака е квотата за денеска да победи на Вимблдон

Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс и со 43 години не се откажува од активното играње и сака да се натпреварува со многу помладите. Последниот гренслем-турнир Венус го освои во далечната 2008 година, и тоа токму на Вимблдон.

Токму Вимблдон беше најомилениот турнир на Венус каде што освои дури пет од седумте гренслем-трофеи. Денеска, како 588-ма на ВТА-листата, Венус игра против Украинката Свитолина и според квотите, Американката не е фаворит за победа. Ветеранката најави дека има мисија да проба да биде првата тенисерка која на професионално ниво ќе игра и на 50 години.

„Никој никогаш не играл профи тенис со 50 години. Ако некој може да се обиде тоа да го направи, тоа сум јас“, вели Венус, која првпат на Вимблдон играше во далечната 1997 година, а првиот пехар го освои во 2000 година.

Последниот турнир кој Венус го освои е Тајван опен во 2016 година, а во 2017 година последен пат стигна до завршниот Мастерс.

„Играњето тенис е нешто што го правам цел живот. Достигнав до ниво на кое малкумина биле. И понатаму многу уживам да играм тенис, но многу ми недостасува Серена“, вели Венус Вилијамс.

 

- Оглас -

Најнови вести