Веракруз е омилен противник во Мексико – Без победа точно една година

Веракруз е омилен противник во Мексико, а ноќеска популарните „црвени ајкули“ претрпеа нов пораз, од Атлас со 1:2 и ја продолжија мизерната серија од 32 меча без победа во натпреварите од домашното првенство.

Кризата кај двократниот првак на Мексико доживува кулминација, а последен пат пат избраниците на поранешниот селектор Енрике Меза се радуваа на триумф на 26. август лани, против Тихуана со 1:0.

Оттогаш имаат само уште една победа, во купот на Мексико, а во домашниот шампионат ја имаат најдолгата активна серија без триумф.

По пет кола имаат само еден бод и примија убедливо најмногу голови, 16, или над три во просек по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести