Верати плати два милиони евра за остров кој не постои, но верува дека тоа е иднината на светот

Италијанскиот репрезентативец и член на Пари Сен Жермен, Марко Верати, стана првиот фудбалер кој купи остров кој всушност и не постои, туку е дел од виртуелниот свет познат како Метаверзум. Тоа е онлајн универзум кој користи виртуелни работи претставени во 3Д низ својот аватар.

Верати без многу размислување реши да инвестира два милиони евра за да купи еден од 25-те виртуелни острови кои беа понудени на продажба.

„Многу сакав да го направам ова. Многу верувам во новата технологија и затоа сакам да бидам пример за другите. Воопшто не мислам дека тоа е бескорисно. Уште не можам да ви откријам многу детали, но на островот сигурно ќе има и фудбалски стадион. На островот прво ќе одам со мојата сопруга, а потоа и моите пријатели и фанови ќе може да го посетат и да купат апартмани“, рече Верати, кој потврди дека наскоро ќе покаже како изгледа неговиот виртуелен остров за кој плати два милиони евра и верува дека еден ден ќе може да заигра и фудбал на Метаверзумот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести