Вербално го нападна противничкиот репрезентативец: Зошто не играш така и во клубот?

Холандија синоќа со 2:1 славеше на гости кај Велс во драматичен меч од второто коло во Лигата на нации. Лалињата водеа со 1:0 со погодкот на Копмајнерс, а Велс израмни во 92 минута кога прецизен беше Норингтон-Дејвис.

Сепак тоа не беше крајот на возбудувањата, затоа што Холандија со погодокот на Вегхорст во 94 минута стигна до победа. Веднаш по овој гол на Вегхорст, стрелецот имаше вербална расправија со репрезентативецот на Велс, Конор Робертсон.

Вегхорст и Робертсон всушност се клупски соиграчи во екипата на Барнли, а Велшанецот го прашат Вегхорст зошто не игра така добро и кога го носи клупскиот дрес.

- Оглас -

Најнови вести