Вердер повторно ќе се извлече?

Тотенхем – Евертон (фудбал, Англија, 21.00 часот)

Соседите од средниот дел на табелата иако не може да излезат во Европа, ниту да испаднат, имаат различни мотиви на денешниот меч. Тотенхем да им се оддолжи на навивачите по лошата игра и поразот во минатото коло, а Евертон да врзе три победи по ред. Традицијата најавува голови, на нивните три последни пресметки во Лондон секогаш паѓаа по 4-5 гола. Евертон од 2008 не славел како гостин против Тотенхем.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.70)

 

Хајденхајм – Вердер (фудбал, Германија бараж, 20.30 часот)

Првиот меч во Бремен заврши 0-0, сега Хајденхајм на свој терен има историска шанса со победа за првпат да се најде во Бундеслигата. Тоа ќе им прави и голем притисок, што Вердер може да го искористи. Вердер, кој пред 16 години беше првак на Германија, 40 години нема испаднато, а сега е блиску до тоа, но се извлече во последното коло, кога избори бараж. Хајденхајм има само еден странец во тимот, и тоа Австриец. Тие сезонава се сретнаа со Вердер и во Купот, прволигашот победи со 4-1, но Хајденхајм од октомври нема загубено на својот стадион.

Предлог тип: Т2 1-2 (1.56)

 

Леванте – Реал Сосиедад (фудбал, Шпанија, 19.30 часот)

Реал Сосиедад има амбиција да игра во Европа. За Леванте, хендикеп е неиграњето на нашиот Барди, кој е суспендиран поради акумулирани жолти картони. И гостите ќе имаат значајни отсуства, имаат повредени играчи. Сосиедад од декември нема нерешено на гости, а и на последните три гостувања кај Леванте не беше реми, двапати славеа Баскијците, еднаш тимот од Валенсија и секогаш паѓаа четири гола.

Предлог тип: 3+ (1.85)

 

Оксфорд јунајтед – Портсмут (фудбал, Англија лига 1 плејоф, 18.00 часот)

Првата средба заврши 1-1, па Оксфорд дома има прилика да си осигури место во финалето во разигрувањето за пласман во Шампионат лигата. Сепак, голот на гости не им значи многу бидејќи ако реваншот заврши 0-0 или со друг нерешен резултат, ќе има продолженија. Некогашниот премиерлигаш Портсмут губеше на последните три гостувања во Лига 1 и ќе му треба среќа за да победи. Овие тимови сезонава еднаш играа во Оксфорд, во Лига купот и беше 2-2, а гостите славеа на пенали.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.72)

 

Мореиренсе – Спортинг Лисабон (фудбал, Португалија, 22.00 часот)

Во Португалија ништо не се знае, голем број изненадувања се случија во последниот месец, но тимот на Ристовски е стабилен, има четири победи по ред, па се држи на третото место, кое носи квалификации за Лигата на Европа. Мореиренсе е тим кој има повеќе нерешени резултати, отколку победи или порази. Мореиренсе дури 17 години не знае за победа дома над Спортинг, но традицијата најавува и голови на двете страни.

Предлог тип: ГГ (2.15)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Кајсериспор – Бешикташ 2 & 2-4 (2.75)

Тотенхем – Евертон 1-3I & 1-3 II (2.05)

Севилја – Еибар Т1 1+I & Т1 2+ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести