Вердер со победа се простува од Бундеслигата

Лацио – Фиорентина (фудбал, Италија, 21.45 часот)

На римјаните нема да им биде лесно да победат, бидејќи се во психолошки нокдаун после болниот пораз од Аталанта кој ги оддалечи од лидерот Јувентус. Лацио нема избор, мора да победи ако сака да остане во трка за Скудетото, а за Фиорентина која има три ремија по ред, и нов нерешен резултат би бил задоволувачки. Кај Виолетовите суспендирани се Касерес и Киеза, кај Лацио има петмина повредени. Традицијата најавува минимална победа на Лацио.

Предлог тип: 1Х & 3+ (2.03)

 

Баер Леверкузен – Мајнц (фудбал, Германија, 15.30 часот)

После киксот во минатото коло, ова е меч кој домашните мора да го добијат, но и победа не им гарантира пласман во ЛШ. Мајнц славеше во претходните две кола и си обезбеди опстанок, па денеска ќе игра без притисок, не знае за гостински пораз во мај и јуни, но мотивите се кај Фармацевтите. Според традицијата на нивните пресметки во Леверкузен, нема да има многу голови и едниот тим нема да даде гол.

Предлог тип: 1-1 (1.71)

 

Вердер – Келн (фудбал, Германија, 15.30 часот)

Вердер нема избор, мора да победи ако сака да се надева дека нема да испадне директно, туку ќе избори бараж против третиот од втората лига, но ќе им треба и пораз на Фортуна од Унион Берлин. Противникот им е идеален, Келн веќе девет кола по ред не знае да победа, а интересно е што Јарците на последните десет меча и даваа и примаа гол. Вердер и Келн на последните три лигашки мечеви во Бремен играа со голови на двете страни.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Селта – Барселона (фудбал, Шпанија, 17.00 часот)

Тимот од Виго освои седум бода во последните три кола и почна да се извлекува од дното. Барселона е во мртва трка за титулата, не би било добро за нив ако не победат. Кај каталонците ќе ги нема Бускетс и Де Јонг, но и со некомплетен среден ред ќе се обидат да ја продолжат серијата мечеви без примен гол. Гостувањата на Барса во Виго не се пријатни во последно време, на „Балаидос“, Меси и другарите немаат победа уште од 2015 година и тоа беше последен пат кога не примија гол од Селта.

Предлог тип: 2 & 2-3 (3.20)

 

Норвич – Манчестер јунајтед (фудбал, Англија ФА куп, 18.30 часот)

ФА Купот стигна до четвртфиналната фаза, Ѓаволите гостуваат кај Канаринците и важат за фаворити на хартија. Норвич губеше и нема дадено гол во двете кола откако продолжи Премиерлигата, додека Јунајтед постигна четири гола и освои четири бода во двата настапи. И традицијата е на страна на гостите, тие триумфираа на последните три гостувања во Норвич, нерешено во нивните пресметки не било од многу одамна.

Предлог тип: 2 (1.43)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Селта – Барселона Т2 2+ & ГГ (2.75)

Норвич – Манчестер јунајтед 2 & 3+ (2.25)

Лацио – Фиорентина 1 & 2-4 (2.60)

 

- Оглас -

Најнови вести