Вернер најави голови за врвот во ЛШ, Челзи оди на реприза против Рен (СОСТАВИ)

Тимо Вернер е најдобриот стрелец на Челзи во досегашниот тек од новото издание на Лигата на шампионите, а и вечерва ќе биде ударната игла на англискиот претставник, заедно со Тами Абрахам во нов дуел против Рен.

Од 18.55 часот ќе се игра на „Роажон парк“ во Рен и со евентуална победа, Челзи ќе го обзбеди настапот во нокаут-фазата во елитното натпреварување.

„Нема да калкулираме, иако ни одговара и реми. Одиме на победа во наш стил, офанзивно за да го обезбедиме настапот во нокаут-фазата“, изјави Вернер, кој досега има три гола во ЛШ, два од нив против Рен во победата од 3:0 во Лондон.

Мало изненадување е што на клупата за резерви остана Хаким Зијеш, одличното засилување на Челзи од Ајакс.

И Јулиен Стефан, тренерот на Рен нема што да брани, ова е последна шанса, макар и минимална, со победа против фаворитот да се фати приклучок во битката за едно од првите две места што водат во осминафиналето во ЛШ.

Во исто време во Русија ќе играат Краснодар и Севилја, а и тука ситуацијата е иста, со победа гостите ќе бидат сигурни патници за нокаут-фазата.

Состави: Рен – Челзи, Роажон Парк, 18.55 часот

Рен (4-3-3): Гомис – Траоре, Да Силва, Њамси, Труфер – Бурижо, Н`Зонзи, Камавинга – Доку, Жираси, Леа-Силики.

Челзи (4-2-3-1): Менди – Аспиликуета, Зума, Силва, Чилвел – Жоржињо, Ковачиќ – Хадсон-Одои, Маунт, Вернер – Абрахам.

 

Состави: Краснодар арена, Краснодар – Севилја, 18.55 часот

Краснодар (4-3-2-1): Городов – Смолников, Мартинович, Да Силва, Рамирес – Газински, Кабела, Олсон – Сулејманов, Клаесон – Берг.

Севилја (4-3-2-1): Вацлик – Кунде, Гудељ, Диего Карлос, Ескудеро – Оскар, Фернандо, Ракитиќ – Окампос, Ел Хадади – Де Јонг.

 

- Оглас -

Најнови вести