Вернер пак почна со утка, но сега не е виновен (Видео)

Челзи води со 1:0 по првото полувреме против Вилјареал во Суперкупот на Европа, а стрелец на единствениот гол беше Хаким Зијех во 27. минута.

Репрезентативецот на Мароко, одлично реагираше по центаршутот на Каи Хаверц и погоди за предност на европскиот првак против освојувачот на пехарот во Европа Лигата.

Претходно голема шанса имаше Тимо Вернер во шесттата минута, но одлично ударот му го одбрани Серхио Асенхо. Напаѓачот на Челзи беше многу критикуван за ланската сезона кога имаше многу неверојатни утки, но на почетокот на мечот против Вилјареал реагираше извонредно, но немаше среќа да го совлада голманот на Вилјареал.

Asenjo great save on Werner chance 6’ from soccer

- Оглас -

Најнови вести