Вернер со 40 % попуст се враќа меѓу стадото Црвени бикови

Лајпциг и Челзи се договорија на сума од 25,3 милиони фунти, или околу 30 милиони евра за услугите на Тимо Вернер. Германскиот напаѓач по две години се враќа меѓу стадото Црвени бикови по неуспешната авантура во Лондон.

Лајпциг го добива својот поранешен голгетер на 40 % попуст, речиси двојно поевтино од цената за која го продаде на Сините во летото 2020 година (53 милиони евра).

Вернер во 89 меча за Сините забележа учинок од 23 гола и 21 асистенција, ги освои трофеите во ЛШ, европскиот Суперкуп и Светското клупско првенство, меѓутоа не пренесе ни половина од одличните партии кои ги пружи во дресот на бундеслигашот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести