Верона е во серија од пет порази по ред, но денеска игра против тим над кого славеше во последните четири дуела

1310 Жирона – Атлетик Б. (21.00 часот)

Жирона е вистински хит не само во Ла Лига, туку во петте најсилни европски лиги и по 13 кола, има само еден пораз и се наоѓа на второто место на табелата. Домаќинот се наоѓа во серија од пет победи по ред и со 31 постигнат гол заедно со Реал Мадрид се најефикасни екипи досега.

Атлетик Билбао исто така игра одлично, има освоено 24 бода и во последните три кола оствари две победи и едно реми. На последните три меча на Атлетик, во просек имаше по четири гола, додека Жирона последните две победи ги оствари со резултат 2:1 и 4:1. На нивните меѓусебни дуели редовно има голови, а последните три меча завршија ГГ 3+.

Предлог тип: ГГ прво/второ (1.89)

 

3008 Верона – Лече (18.30 часот)

Верона е претпоследна на табелата во Серија А само со осум освоени бода во 12 меча и е во серија од пет порази по ред. Лече во претходното коло со ремито против Милан ја прекина серијата од три порази во низа. Адутот на Верона е тоа што славеше на последните четири меѓусебни дуела и на ниту еден од нив не прими гол (1:0,2:0,3:0,1:0).

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.19)

 

1959 Сиваспор – Трабзонспор (18.00 часот)

Трабзонспор по лошиот старт, игра сè подобро и почна да се приближува кон местата коишто водат во европските купови.Тимот за којшто игра Енис Барди победи на три од последните четири меча и денеска ја има фаворитската улога против Сиваспор, кој се наоѓа на средина од табелата.

Нивните меѓусебни дуели најчесто завршувале со два до три постигнати гола, а исклучок е последниот дуел од минатата сезона, кога Сиваспор на домашен терен победи со 4:1. Претходно, дури на 19 меѓусебни меча не биле постигнати повеќе од четири гола.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

1010 Фулам – Вулверхамптон (21.00 часот)

Ова е натпревар кој е предодреден да има малку голови ако се гледа историјата на нивните меѓусебни дуели. На последните осум меѓусебни дуели немало повеќе од два гола, а најчест резултат бил 1:0. Состојбата во двата тима, односно отсуството на клучни играчи, како Диоп, Палиња, Траоре, Доусон, Нето би требало да понуди меч со малку шанси и голови. Минатата сезона двата меча завршија без победник 1:1 и 0:0.

Предлог тип: Х пол. (2.10)

 

1644 Ајндховен – Осс (20.00 часот)

Ајндховен загуби на последните два натпревари и веќе заостанува три бода зад позициите коишто водат во разигрувањето за пласман во Ередивизијата и вечерва нема избор, мора да го победи најслабиот тим во втората холандска лига.
Осс се наоѓа во серија од четири порази по ред, а во 15-те кола досега освои само седум бода.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.75)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести