Верона знае што сака, ќе го повика Алиоски да се врати во Топ-5 лигите

Езџан Алиоски е блиску до кам-бек во Европа и би можел повторно да игра за клуб од Топ-5 лигите, а заинтересирана за македонскиот репрезентативец е Верона.

Таква информација објавија дел од италијанските медиуми, па популарниот Џани би можел веќе следниот месец, односно во змискиот преоден рок од Саудиска Арабија да се пресели на Чизмата.

Верона бара профил на играч како Алиоски, кој може да игра и дефанзива и офанзива по левата бочна позиција, а ваков трансфер би бил одличен и за македонската репрезентација пред мартовскиот бараж што ќе го играме токму против Италија, за настап на Мундијалот во Катар.

Алиоски и останатите наши репрезентативци ги очекува тежок меч на гости на 24. март против актуелниот европски првак и четирикратен светски шампион. Ако победат на тој меч, пет дена подоцна пак ќе гостуваат во финалето од баражите, против победникот од второто полуфинале меѓу Португалија и Турција.

 

- Оглас -

Најнови вести