Верстапен со пол позиција за ГН на САД

Макс Верстапен ја освои пол позицијата за Големата награда на САД. Возачот на Ред Бул извози време од 1.32.910 минута и заврши пред големиот ривал, Луис Хамилтон од Мерцедес.

Луис практично ја имаше пол-позицијата во свои раце, но, Холанѓанецот извозе неверојатно во последниот свој круг и со тоа ќе стартува пред Британецот.

Одлично возење имаше и вториот возач на Ред Бул, Чеко Перез кој ќе биде веднаш зад Хамилтон на стартно целната рамнина.

Сето ова е најава за уште една супер интересна трка, а денешната ќе стартува со почеток од 22:00 часот по Средноевропско време.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести