27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Вертонген пред портите на Бенфика

Јан Вертонген наскоро ќе биде промовиран како нов член на португалскиот вицешампион Бенфика. Искусниот белгиски дефанзивец ја прифатил понудата и во следните три години ќе го носи црвениот дрес.

Вертонген на „Да Луж“ ќе пристигне како слободен играч откако му заврши долгогодишната соработка со Тотенхем ова лето. Според информациите на англиските медиуми, тој денес ги извршил медицинските прегледи и во искечување е неговиот официјален потпис за Орлите.

Покрај Вертонген, Бенфика работи на склучување договор со Единсон Кавани, искусниот голгетер, кој исто така треба да потпише како слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести