Верувале или не, „голферот“ е најуспешен играч во шпанската лига сезонава

Велшанецот Герет Бејл синоќа против Еибар го одигра својот 250-ти официјален натпревар во дресот на Реал Мадрид. Бејл за овие седум сезони како играч на Реал има дадено 105 гола, од кои четири му се во важни финални натпревари, 69 асистенции, освои 14 трофеи, но во последните сезони формата му бележи пад и тој е само резерва на крилните позиции.

Интересен податок е дека оваа сезона, кога Бејл игра, Реал никогаш не губи. Бејл има 15 настапи во Ла Лига сезонава и за Реал на 15 меча има 8 победи и 7 ремија. Ниту еден друг фудбалер во шпанската лига не може да се пофали дека играл барем на 15 меча и неговиот тим на тие средби не претрпел ниту еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести