Вештерките вечерва ќе го сонуваат Барак, Чехот им даде два велемајсторски гола (Видео)

Верона го победи Беневенто со 3-1 во последниот меч од шестото коло во италијанската Серија А, а средбата мина во знакот на чешкиот фудбалер Антонин Барак, кој постигна два прекрасни гола. Барак најпрвин погоди со удар со пета кога добро се снајде во близина на голот на Вештерките, а потоа даде убав гол и со шут со надворешниот дел на копачката.

Третиот гол за Верона го даде Дарко Лазовиќ, но Барак ја имаше партијата на животот. Беневенто му е омилена жртва на Чехот, против него има четири гола на три меча.

Ова е голот на Верона за 1-0:

https://www.youtube.com/watch?v=Cy6ve9mYZZU

- Оглас -

Најнови вести