Веспрем „слета“ во Скопје и фати правец кон хотелот (ФОТО)

Ракометарите на Веспрем слетаа на Скопскиот аеродром во пресрет утрешниот меч против Вардар од Лигата на шампионите.

Најдобриот унгарски и најдобриот македонски тим утре во осминафиналето ќе ги одмерат силите во „Јане Сандански“ во првиот од двата меча.

Овие две екипи навистина добро се познаваат бидејќи во изминативе години одиграа голем број натпревари, а како и секогаш кога било во Скопје, пеколната атмосфера не изостанувала.

- Оглас -

Најнови вести