Вест хем и Спортинг Лисабон се типовите на денот

2924 Хераклес – АЗ Алкмар (20.00 часот)
Ова е натпревар од Холандскиот куп и нема поправен. АЗ Алкмар е во добра форма, има четири победи на последните пет натпревари и важи за фаворит. Со надеж дека ќе ја оправда фаворитската улога, типуваме „двојка“.
Предлог тип: 2 (1.90)

 

1931 Цирих – Јанг Бојс (20.30 часот)
Ова е четвртфинале од Купот на Швајцарија, а двете екипи имаат амбиции за пласман меѓу четирите најдобри. Се очекува отворен фудбал и многу голови, па затоа ќе одиграме ГГ3+.
Предлог тип: ГГ и 3+ (1.94)

 

3001 Болоња – Милан (20.45 часот)
Двете екипи доживеаја порази во претходните натпревари и ќе бараат рехабилитација на овој дуел. Болоња игра добро пред своите гледачи, а Милан е неубедлив во моментот. Најдобро е да се одигра на голови, предлогот е да има од еден до три гола во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.10)

 

1181 Вест хем – Лестер (21.00 часот)
Лестер е во незавидна позиција, но игра многу лошо на гостувањата и се очекува тоа Вест хем да го искористи. Домаќинот во минатото коло го победи Арсенал на гости во лондонската пресметка, па тоа треба да му даде поттик да слави и против Лестер.
Предлог тип: 1 (1.78)

 

2923 Жил Висенте – Спортинг Лисабон (21.45 часот)
Спортинг Лисабон нема победа на последните пет натпревари, но во четвртфиналето на Купот на Португалија игра против Жил Висенте, кој е во очајна форма и има пет последовни порази. Очекувањата се дека гигантот од Лисабон ќе се разбуди и ќе слави триумф, а на натпреварот ќе има од два до пет гола.
Предлог тип: 2 & 2-5 (1.90)

- Оглас -

Најнови вести