Вест хем имаше месец за паметење

Екипата на Вест хем во декември одигра шест натпревари и оствари биланс од 5 победи и еден пораз и со тие освоени 15 бода, постави нов клупски рекорд. Никогаш претходно во својата историја „чеканите“ не освоиле дури 15 бода во еден календарски месец.

Синоќа Вест хем го совлада Саутхемптон со 2-1. Домашните поведоа, но само 168 секунди подоцна, Вест хем изедначи со гол на Фелипе Андерсон, а Бразилецот шест минути подоцна даде уште еден гол за пресврт.

Андерсон, кој не е напаѓач, туку играч од средниот ред, на првите 10 меча во Премиер лигата даде само еден гол, но оттогаш има седум погодоци во девет кола.

Тренерот Мануел Пелегрини рече дека декември бил одличен месец за сите во тимот.

„Декември беше одличен, не само за мене, туку за целиот тим. Уште од почетокот игравме добро и не му дозволивме на Саутхемптон да се доближува до нашиот 16-ник. Многу е важно што брзо изедначивме и што играме на ист начин, како дома така и на гости, нема разлика. Имаме победнички менталитет, ќе се обидеме да финишираме што е можно повисоко на табелата“, изјави Пелегрини, чиј тим е деветти.

- Оглас -

Најнови вести